Сакате англиска класика? Еве ја оригиналната верзија на островски гол (Видео)

Овен Дејл постигна два гола за англискиот третолигаш Кру Александрија против Чарлтон, а вториот во 96-тата минута за израмнување на 2:2 е вистиннска англиска класика.

Гол што ќе ве потсети на старите добри времиња, на снажните дуели во воздух, долга акција за гол што заврши со волеј од близина во мрежата на Чарлтон.

Погодокот на Дејл во шестата минута од судиското продолжение за 2:2 можете да го погледнете ОВДЕ.

Домаќините со вториот гол што го примија во 96-тата минута, а повторно беше дело на Дејл, загубија два драгоцени бода во трката за настап во баражот, што може да му донесе на Чарлтон промоција од Лига 1 во Чемпионшип.

Кру на две кола до крајот е во средината на табелата и не може да испадне, но и да игра во плејофот за третото, последно место што води во повисок ранг на натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести