Салах: Ако сега зборувам ќе има „оган“ (Видео)

Ливерпул со ремито на гостувањето кај Вест хем (2:2) испадна од трката за титулата во Премиер лигата, но мечот го одбележа и вербалниот дуел меѓу менаџерот на Црвените, Јирген Клоп и првата ѕвезда на екипата, Мохамед Салах.

Клоп одлучи да го остави на клупата Салах иако бодовите на Ливерпул му беа повеќе од потребни, а по израмнувачкиот гол на Чеканите за 2:2 во 77-та минута, одлучи да го стави во игра.

Во тие моменти дојде во вербална расправија меѓи Салах и Клоп, а за тоа колку беше нервозен Египќанецот, најдобро покажува тоа што Дарвин Нуњес мораше да го смирува.

По мечот Клоп изјави дека недоразбирањето меѓу него и Салах било решено во соблекувалната.

„Зборувавме во соблекувалната и за мене таа тема е завршена“, изјави Клоп.
Но, Салах има поинакво мислење. Во моментите кога поминуваше покрај новинарите, тој беше запрашан за коментар, а неговиот одговор беше краток:
„Ако сега зборувам, ќе има оган“.

https://twitter.com/i/status/1784234194832326724

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести