Салах даде гол за 2-0, а Ван Дајк се гушкаше со играч на Интер (Фото)

Интересна ситуација е забележана синоќа во Милано откако Мохамед Салах постигна гол за 2-0 за Ливерпул против Интер.

Додека фудбалерите во црвени дресови трчаа кон Салах за заеднички да го прослават неговиот погодок, Ван Дајк веднаш по голот остана на страна и се прегрнуваше со Дензел Думфрис од Интер.

Ван Дајк и Думфрис се колеги од репрезентацијата на Холандија и централниот дефанзивец на Ливерпул реши наместо да се гушка со соиграчите, да го прегрне и да го теши налутениот и разочаран сонародник и пријател.

- Оглас -

Најнови вести