Салах е итра лисица, но не го надмудри Менди за победа на Ливерпул (Видео)

Мохамед Салах одигра одлично во дербито на англиското првенство и постигна и гол за Ливерпул против Челзи, но потоа иако реагираше многу итро, не успеа со уште еден погодок да му донесе победа на гостинот.

Репрезентативецот на Египет во 57-мата минута при резултат 2:2 итро забележа дека Едуард Менди е излезен од голот на Челзи и се обиде со лоб да го изненади голманот на домаќините.

Следуваше прекрасна парада на Менди, кој потврди зошто е еден од најдобрите голмани на светот.

Мечот заврши нерешено 2:2 со сите голови постигнати во првото полувреме, а моментот од 57-мата минута можете да го погледнете ОВДЕ.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести