Салах најдобар за декември во Премиер лигата

Мохаме Салах е избран за најдобар фудбалер за месец декември во Премиер лигата од страна на Асоцијацијата на професионални фудбалери во Англија. Египѓанецот беше феноменален во последниот месец од 2018 година, реализирајќи шест погодоци и четири асистенции во седумте последователни победи со кои „црвените“ застанаа на врвот на табелата во англискиот шампионат.

„Фараонот“ најмногу се истакна против Борнмут со хет-трик во победата од 4-0, додека само против Евертон и Манчестер јунајтед не успеа да се запише како стрелец или асистент. Последниот гол го реализираше во победата над Арсенал со 4-1, а Салах го постигна првиот од двата пенали кои ги добија „црвените“.

Во конкуренција за наградата беа и Еден Азар од Челзи, Хари Кејн од Тотенхем, Пол Погба и Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, како и Рикаро Переира од Лестер.

Салах е третиот играч на Ливерпул кој сезонава ја доби месечната награда за најдобар фудбалер од страна на Асоцијацијата, претходно Садио Мане и Вирџил Ван Дајк беа избрани за најдобри во август, односно ноември.

 

- Оглас -

Најнови вести