Салах: Најважно е да ја освоиме титулата

Првиот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, уште еднаш потенцираше дека негова најголема желба е да ја освои титулата во Премиер лигата, а не да брка рекорди по бројот на постигнати голови. Ливерпул вечерва на „Енфилд роуд“ игра против Ватфорд и е голем фаворит за освојување на трите бода. Со победа на овој меч, Ливерпул сигурно ќе остане на врвот на табелата во Премиер лигата.

„Би било убаво да дадам 50, 51 или 52 гола. Секогаш се стремам да дадам што е можно повеќе голови. Секако, убаво е да се постигнуваат рекорди, но најважно е да ја освоиме титулата во Премиер лигата. Сега ни следува многу важен период. За осум дена треба да одиграме три меча и ако потоа останеме лидери, ќе биде многу добро за нас“, рече Салах пред дуелот со Ватфорд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести