Салах направи нешто што не му успеало на ниеден играч на Ливерпул дури 34 години (Видео)

Кога го има расположениот Мохамед Салах во своите редови, Ливерпул не треба да се грижи и за многуте отсутни играчи. Англискиот првак славеше на гостувањето кај Вест хем со 3:1, а сите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме.

Отпорот на домаќините беше скршен во 57-мата минута, кога Салах го постигна првиот погодок, а египетскиот репрезентативец потоа погоди и во 68-мата минута за 2:0. Со овие два погодоци, Салах стигна до 20+ голови во сезоната. Во последните четири сезони на Салах му успева да даде 20+ голови, нешто што не му успеало на ниту еден фудбалер на Ливерпул уште од времето на Јан Раш. Легендарниот голгетер во периодот од 1981/82 до 1986/87 година дури шест сезони имаше 20+ погодоци во дресот на Ливерпул.

Вајналдум со погодок во 84-тата минута зголеми на 3:0 за Ливерпул, а Доусон даде само почесен погодок за Чеканите.

- Оглас -

Најнови вести