Салах стана втор стрелец во историјата на Египет и не ја отфрли можноста за трансфер

Мохамед Салах со двата гола против Коморите во победата на Египет од 4-0 изби на второто место на вечната листа на стрелци во египетската репрезентација. Сега Салах има 43 погодоци е и осамен на втората позиција, пред него е само легендата Хосам Хасан, кој има 69 погодоци.

Откако Египет се пласира на Африканскиот куп на нациите, кој се игра следната 2022 година, Салах не ја отфрли можноста да си замине од Ливерпул.

„Не зависи само од мене што ќе се случи во иднина, ќе видиме. Се надевам дека можам да играм уште многу години. Трансфер во Шпанија? Зошто да не. Никој не знае што носи иднината, ништо не е невозможно“, рече 28-годишниот Салах, кој од 2017 година го носи дресот на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести