Салах стави крај на шпекулациите: го продолжи договорот со Ливерпул, ќе зема огромна плата!

Мохамед Салах останува во Ливерпул уште неколку сезони. Египќанецот денеска стави потпис на својот нов договор со Црвените, и стави крај на шпекулациите дека ќе си замине од клубот уште летово, или најдоцна наредното.

Салах за пет години има дадено над 150 голови за Ливерпул. Информациите од Британија се дека Салах со новиот договор, ќе зема неделна плата од 350.000 фунти неделно, што е речиси двојно повеќе од платата на досега најскапиот Вирџик Ван Дајк.

- Оглас -

Најнови вести