Салах стави точка на неговиот престој во Ливерпул?

Мохамед Салах воопшто не беше среќен синоќа кога беше повлечен од игра на дербито против Челзи, а масло на огнот додаде неговиот агент, кој на „Твитер“ имаше објава со која најави дека Салах става точка на престојот во Ливерпул.

Иако Црвените губеа и им требаше гол, а Салах е прв стрелец во тимот, во 61-вата минута Јирген Клоп го повлече Салах од игра, потег кој зачуди многумина. Наводно Германецот му се налутил на Египќанецот за недоволно залагање во одредени ситуации на дербито. Но, тоа што беше заменет, Салах не го прифати добро, напротив, видливи беа лутината и разочарувањето.

Брзо по измената со која Салах беше седнат на клупа, неговиот агент Рами Абас Иса на „Твитер“ објави само една точка. Тоа беше протолкувано како знак дека става точка на соработката со Ливерпул. Иако е прв стрелец на тимот, Салах не е среќен и нема да биде изненадување ако налето ја смени клупската средина, особено ако Клоп остане тренер.

Договорот на 28-годишниот Салах со Ливерпул е до 2023 година, но можеби уште годинава ќе се пресели во Реал Мадрид, Барселона или Баерн, кои со задоволство би го виделе во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести