Салах во стајлинг во кој досега никогаш не бил виден (Фото)

Мохамед Салах реши да биде дел од шоуто кое беше подготвено за роденденот на неговата ќерка, која го прославуваше петиот роденден. Мо Салах очигледно решил да ја исполни желбата на ќерката, па се маскирал како цртан херој од „Моана“.

„Среќен роденден принцезо“, напиша Салах под фотографијата на која тој е со славеничката.

Салах и Ливерпул во овие неколку дена се подготвуваат за дербито меѓу најтрофејните клубови во Англија. Лидерот во Премиер лигата ќе гостува на „Олд Трафорд“ кај Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести