Салернитана беше на чекор од „покер“ ама и бод од гостувањето кај Аталанта нè е лош за опстанок

Ако пред еден месец беа видени веќе во Серија Б лигата, фудбалерите на Салернитана се борат со сите сили да обезбедат опстанок, а се чини дека се на добар пат.

Тие, предмалку одиграа 1:1 против Аталанта и тоа на гости во последната средба од 35-то коло.

Стрелец голот за гостит беше Едерсон Лоуренко во 27-та минута, додека во самата завршница Марио Пашалиќ (88′) ги постави конечните 1:1.

По трите победи едноподруго, со ова реми сега Салернитана има 26 бода и се наоѓа на 18-то место, пред нив е тимот на Каљари кој има и два бода повеќе но и средба повеќе.

- Оглас -

Најнови вести