Салцбург го спасува стартот на Лигата на шампионите

Австрискиот првак Салцбург игра прекрасно веќе подолг период, а вечерва со голеада против Генк го спасува почетокот на Лигата на шампионите.

Биковите постигнаа дури пет гола само за 45 минути и ја наполнија мрежата на Генк. Салцбург води со 5:1 по првиот дел, а блеска најдобриот стрелец на младинските Светски првенства, Ерлинг Бро Халанд.

Норвешкото фудбалско чудо што на еден меч на Мундијалот за играчи до 20 години постигна 9 гола и вечерва е расположен и веќе има хет-трик.

Мрежата на Генк ја погодија и Хе-Чан и Шобошлаи, а за гостите погоди Лукуми. На останатите пет меча само уште Ајакс успеа да постигне гол и води со 1:0 против Лил, а на останатите четири дуели е без голови по првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести