Салцбург ита кон прва победа, мирно е во Киев (видео)

Реал Мадрид во вторите 45 минути ќе атакува на триумф против Шахтар во Киев, кој треба да ги одведе до нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

Кралевите засега немаат идеја како да стигнат до голот на младиот Трубин, а најблиску беа во петтата минута, кога обидот на Асенсио од непосредба близина заврши во десниот дирек. Украинскиот првак успева да одолее на сите напади на фудбалерите во бели дресови, па на паузата двете екипи заминаа без ниту еден погодок.

https://twitter.com/noob_fcb/status/1333843125962485765

Во Москва, пак, е многу поразиграно, а Салцбург веќе има 2-0 предност против Локомотив. Бериша е најзаслужен за двојната предност на Црвените бикови, кој стрелаше во 28-мата и 41-вата минута.

https://twitter.com/noob_fcb/status/1333843692201926657

Австрискиот првак е на пат да ја обезбеди првата победа во групната фаза, но и да се доближи до европска пролет. Моменталниот резултат ќе го доведе Салцбург до еден бод заостаток зад второпласираниот Атлетико Мадрид, кој пак ќе треба да го надигра европскиот првак Баерн Минхен за да не се тресе во последното коло.

- Оглас -

Најнови вести