Салцбург најдобро знае дека Баерн може да те уништи за десет минути

Австрискиот шампион Салцбург го пречекува Баерн Минхен во едниот од двата вечерашни меча во Лигата на шампионите, а ако се суди според она што се случуваше во минатата сезона, кога овие тимови играа во групната фаза еден против друг, ќе има многу голови.

Црвените бикови од Салцбург двапати губеа од Баерн, на гости со 1-3, а дома со 2-6. Просекот од шест гола по меч најавува голеада и вечерва. Баерн ќе биде без капитенот Мануел Нојер на голот.

Важна лекција која ја научи австрискиот тим е дека против Баварците не смее да има опуштање ниту десет минути. Во ноември 2020 година, Салцбург имаше 2-2 против Баерн до 79-тата минута, а конечниот резултат беше 2-6.

- Оглас -

Најнови вести