27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Сам си замина од англискиот клуб затоа што сака да биде тренер на Милан

Италијанскиот стратег Роберто де Ѕерби имаше одлична сезона со тимот на Брајтон и несомнено ќе останеше на клупата на овој англиски премиерлигаш доколку самиот тренер не донесе одлука за предвремено заминување. Иако имаше договор кој го обврзуваше да биде тренер на Брајтон до 2027 година, Де Ѕерби си заминува.

Според италијанските медиуми, главна причина за ваквата одлука на Де Ѕерби е тоа што тој сака да биде тренер на Милан. Тој не крие дека Милан е негов омилен клуб и чест и предизвик би му било да биде тренер на Росонерите, каде што и ја има започнато фудбалската кариера.

Освен де Ѕерби, како опција за тренер на Милан се најавува и португалскиот стратег Пауло Фонсека, но фановите на Росонерите се против ова решение. Симпатизерите на Милан беа и против опцијата за Хулен Лопетеги да биде нов тренер, што значи дека Де Ѕерби е реална опција да седне на клупата на еден од најдобрите италијански клубови.

- Оглас -

Најнови вести