33.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Саманта продолжи да ја нервира Австралија

Гренд слем шампионката Саманта Стосур не успеа да го прекине проклетсвото од порази во првото коло на Отвореното првенство на Австралија и по петти пат по ред испадна на стартот од првиот Гренд слем турнир во сезоната.

Популарната Сем загуби од 18-годишната Украинка Дајана Јастремска, а пак си поигра со нервите на тениските фанови во Австралија. Водеше со 5:2 во првиот сет и на магичен начин успеа да го загуби со 5:7. Потоа сè беше полесно за талентираната Украинка, која го доби следниот сет со 6:2 и на прекрасен начин си го прослави првиот настап на главниот турнир во Мелбурн.

Лани Јастремска дебитираше, но во квалификациите не успеа да се пробие на главната сцена, па сега во официјалното деби на Отвореното првенство на Австралија почна победнички, и тоа против тенисерка што има Гренд слем трофеј од Њујорк, од Отвореното првенство на САД.

Стосур има катастрофален биланс во 18 настапи на свој терен, во Австралија на Гренд слемот испаѓаше дури 7 пати во првото коло и петти пат во последните пет години.

- Оглас -

Најнови вести