По два порази во првите пет кола, Работнички реши да го смени тренерот, па на местото на Димитар Мираковски, за главен на клупата беше промовиран Горан Самарџиев. Популарниот Шуш кој во играчите денови беше еден од омилените кај навивачите на Работники, денеска ќе дебитира како предводник од клупата и тоа на меч против Еуро Никел.
Токму Еуро Никел (поранешен Фени Индустри) е клубот во кој Самарџиев започнуваше како играч, но и како тренер, а сега има мисија да го победи. Според коефициентите во Sport Life, Работнички е во улога на фаворит, но ако се погледнат последните шест меѓусебни дуели, кавадарчани имаат дури четири триумфи над ривалот од Градски парк.
Денеска се играат уште два меча од Прва лига. Вардар на свој терен е фаворит против Академија ФМП, а гостинска победа ќе брка Пелистер на теренот на Феникс 2010.