Самба во Мадрид, Бразилците разиграни, Реал победува и без Модриќ и Крос (Видео)

Реал Мадрид го победи Хетафе со 2-0, направи чекор кон титулата во Шпанија, и се загреа за реванш дуелот со Челзи во вторник од Лигата на шампионите. Реал сега дома има низа од 13 победи по ред против Хетафе.

Првиот гол го даде Касемиро, кој одамна (погоди после пауза од 45 меча) се немаше запишано во листата на стрелци, а одлична беше и асистенцијата на Винисиус. Вториот гол го даде Лукас Васкес, а голем дел од работата заврши и Родриго со додавањето. Бразилците во Реал веројатно беа инспирирани од присуството на капитенот Марсело кој доби шанса од прва минута.

Интересно е што Реал има одличен биланс, 29 победи на 36 меча на кои не играле ниту Модриќ ниту Крос во средниот ред. Иако Хрватот и Германецот се незаменливи на најважните мечеви, и кога ги нема, Кралскиот клуб се снаоѓа.

Ова е првиот гол на Касемиро сезонава:

- Оглас -

Најнови вести