Самбата на Нејмар низ одбраната на Перу го однесе Бразил во финале (Видео)

Бразил се пласира во финалето на Копа Америка по минималната победа од 1-0 над Перу на стадионот „Олимпико Нилтон Сантош“ во Рио де Жанеиро, па сега Кариоките ќе чекаат да видат дали во финалето ќе се сретнат со Аргентина или Колумбија. Лукаш Пакета го постигна единствениот гол во 35-тата минута, но најголемата работа околу погодокот ja направи Нејмар, а завршницата на Пакета беше олеснета.

Кариоките по 21-ви пат во историјата ќе играат финале на Копа Америка, а тие се и бранители на трофејот од 2019 година.

Клучен за победата беше слаломот на Нејмар, кој на атрактивен начин издрибла тројца перуански репрезернтативци пред да му додаде на Пакета. По мечот, Пакета изјави дека е прекрасно да се биде во ист тим со Нејмар. Двата тима имаа шанси за 2-0 или 1-1, но конечниот резултат остана 1-0 за Бразил.

Погледнете ја целата акција и голот:

https://www.youtube.com/watch?v=khrpE71lU-0

- Оглас -

Најнови вести