Само Бугарија и Словенија се поголеми аутсајдери од Македонија на Евровизија

Вкупно 35 земји ќе бидат дел од годинашното издание на музичкото натпреварување Евровизија. Манифестацијата која со децении се одржува, а на која редовен учесник е и Македонија, оваа година е во Торино, Италија.

Натпреварувачите се поделени во две полуфинални групи, а најдобрите 10 од секое полуфинале ќе бидат дел од финалето, каде што стандардно место имаат земјите од Големата 5-ка (Италија, Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија).

Македонија, која оваа година ќе биде претставувана од Андреа Коевска со песната Circles, ќе се натпреварува во втората полуфинална вечер, односно на 12 мај, кога ќе има вкупно 18 земји.

Вечерва во првата полуфинална вечер ќе има 17 песни, а најдобрите 10 ќе одат во финалето. Според коефициентите во Sport Life, Македонија е меѓу аутсајдерите, со мали шанси да се пласира во финалето.

Од сите 35 учесници, Македонија за пласман во финалето има коефициент 7, што е трета најголема квота. Единствено Бугарија (10 коефициент) и Словенија (7.5 коефициент) имаат помали шанси од Македонија за влез во финалето.

- Оглас -

Најнови вести