Само да не се договорат Турција и Финска, па Македонија да испадне

Во дебитантскиот настап на Европското одбојкарско првенство Македонија е пред влез во осминафиналето. Нашите нови спортски херои се израдуваа на две победи во групата и моментно се на посакуваното четврто место, кое води во нокаут-фазата.

Сепак, сѐ зависи од дуелот Финска – Турција, кој се игра вечерва. Калкулации има повеќе, а ние ја очекуваме најреалната варијанта. Турција ја има улогата фаворит (1.50 ), додека за победа на Финска коефициентот е 2.55. Со триумф на Турција од 3:0 или 3:1 во сетови, тие само ќе го потврдат третото место во групата, а Финска ќе испадне.

На Финска ѝ треба победа за да оди во осминафиналето, што ќе значи и исфралње на Македонија од нокаут-фазата. Со победа од 3:0 или 3:1, Финска може да стигне дури и до третото место, а Турција да падне на четвртото место, што значи дека Турците имаат мотив да бркаат триумф.

Сепак, калкулациите велат дека Турција и со пораз може да го задржи третото место, Финска да е во осминафиналето, а Македонија да испадне. Тоа ќе се случи ако Финска слави со 3:2 во сетови. Во тој случај, Турција ќе има 7 бода, Финска и Македонија ќе имаат по 6, но Финците ќе се радуваат поради подобриот сет-количник. Во тој случај, Финска би имала ист количник 9:12 (минус 3), а Македонија ќе испадне со сет-количник 7:11 (минус 4).

Ова е табелата во нашата група во пресрет на дуелот Финска – Турција.

 

- Оглас -

Најнови вести