Само два гола паднаа во првото полувреме на четирите меча во Премиер лигата (Видео)

Првото полувреме на четирите меча од 17-то коло во Премиер лигата не понуди премногу возбудувања бидејќи се постигнати само два гола.

Фудбалерите на Борнмут кои минатиот викенд со 3:0 го победија Манчестер јунајтед и тоа на „Олд трафорд“, денеска губат пред своите гледачи по првиот дел во дуелот со Лутон. Лутон поведе со голот на Адебајо уште во третата минута.

Вториот меч на кој беше постигнат гол се игра на „Етихад“ и шампионот Манчестер сити води со 1:0 против Кристал палас. Голот за Граѓаните го постигна Џек Грилиш во 24-та минута.

На останатите два меча, Челси – Шефилд јунајтед и Њукасл – Фулам, немаше голови по првиот дел.

- Оглас -

Најнови вести