Само два клуба во Ла Лига не му ја честитаа титулата на Реал, меѓу нив не е Барселона

Шпанска „Марка“ направи интересна анализа и дојде до заклучок дека само два клуба во Ла Лига се уште не му ја честитале 35-та титула на Реал Мадрид.

Кралскиот клуб со победата од 4:0 викендов против Еспањол, на четири кола до крајот на првенството стана нов првак и веќе ја прослави рекордната 35-та шампионска круна.

Досега како што објави „Марка“ 18 од 20 прволигаши веќе му честитаа на успехот на Кралскиот клуб, па останува уште два члена на елитата да го сторат тоа.

И интересно е што Барселона не е меѓу нив, иако му е најголемиот ривал на Реал Мадрид во едно од најголемите дербија на планетата, популарното „Ел Класико“.

Честитки упатија и од таборот на Рајо Валјекано, иако навивачите на овој клуб не го сакаат Реал, па останаа само два клуба, Атлетико Мадрид и Осасуна без официјални да им честитаат на Кралевите, кои се нови шампиони на Шпанија.

Објавено е дека Атлетико Мадрид „заборави“ да му го честита и успехот на Бетис, екипа која го освои пехарот во Копа Дел Реј на 23. април со победа против Валенсија во финалето.

 

- Оглас -

Најнови вести