Само еден човек има дадено повеќе репрезентативни голови од Роналдо

Кристијано Роналдо на најдобар можен начин се врати во дресот на португалската репрезентација. Капитенот, кој го пропушти мечот против Хрватска, во дуелот со Шведска ги даде двата гола во победата од 2:0 во меч од Лигата на нациите. И двата погодоци на Роналдо беа спектакуларни и може да ги погледнете ТУКА.

Тоа не беа обични голови за Роналдо. Со тие погодоци, Португалецот стана првиот европски фудбалер кој ја надминал границата од 100 погодоци на репрезентативно ниво. Ниту еден друг европски фудбалер во националниот дрес не успеал да стигне до троцифрен број погодоци.

Сепак, Роналдо не е најдобар репрезентативен стрелец на сите времиња. Има еден играч пред него. Тоа е легендарниот напаѓач на Иран, Али Даеи, кој застана на 109 тресења на противничката мрежа. Даеи успеа да даде 109 гола во 149 меча во периодот од 1993 до 2006 година. Кристијано, кој засега има 101 гол, во репрезентативниот дрес на Португалија има одиграно 165 средби.

За да го стигне рекордот на Даеи, на Роналдо му требаат уште осум гола, а со евентуални девет погодоци ќе биде и светски рекордер. Според играта и формата на Роналдо, само прашање на време е кога ќе биде достигнат и рекордот на Даеи.

 

- Оглас -

Најнови вести