Само еден човек може да го спаси Милан, а тоа е Ибрахимовиќ

Некогашниот италијански напаѓач Антонио Касано ја има формулата за спас на Милан сезонава. Касано во дел од кариерата играше за Милан, и тоа во двете сезони кога во тимот беше и Златан Ибрахимовиќ. Росонерите сезонава започнаа многу слабо и по 11 одиграни меча имаат само 13 бодови, што е премалку за некогашниот италијански и европски првак.

Според Касано, единствен спас за Милан е во јануарскиот преоден рок да го ангажираат Ибрахимовиќ.

„Единствената надеж за тимот да биде подобар е да дојде Златан. Тој ги прави и соиграчите да бидат подобри. Би донел ентузијазам во целата екипа. Сигурен сум дека ако му дадат една и пол година договор, тој ќе прифати да се врати на Сан Сиро“, вели Касано.

Ибра од 2018 година замина во САД да игра во Лос Анџелес галакси, а неговиот договор со овој клуб истекува на крајот од годината, што значи дека во јануарскиот преоден рок ќе биде слободен играч.

- Оглас -

Најнови вести