Само еден позитивен на ковид-19 во Премиер лигата

Тотенхем потврди еден заразен член со вирусот ковид-19 по последните тестирања во Премиер лигата. Клубот одлучи да не го именува заразениот, а веќе се спроведени мерките за самоизолација и според протоколот ќе се третира неговата состојба во следните седум дена.

Ова нема да влијае во намерите да се продолжи сезоната во англискиот шампионат на 17 јуни. Само еден заразен од вкупно 1.197 тестирања во петтата рунда се еднакво позитивни вести на тестирањата од пред четири дена без позитивен случај.

Досега се спроведени повеќе од 5.000 тестирања и се потврдени 13 случаи на корона-вирус, а сите членови на Премиер лигата се тестираат двапати неделно.

- Оглас -

Најнови вести