Само еден тим од топ 5 лигите нема пораз во 2019 година

Во оваа календарска 2019 година само еден тим од таканаречените топ 5 лиги во Европа не знае за пораз. Станува збор за Ајнтрахт Франкфурт, едно од најпријатните изненадувања во Бундеслигата и во Лигата на Европа.

Ајнтрахт игра одлично, има рекорден број бодови во оваа фаза од германскиот шампионат, а особено добри се по зимската пауза. На десет средби во Лигата, имаат шест победи и четири нерешени. Во моментов, тимот е на четврто место на табелата и има реална шанса да си обезбеди место во Лигата на шампионите. Во Лигата на Европа, откако го елиминираа Интер, во четртфиналето играат со Бенфика.

Најзаслужни за убавата серија без пораз се Анте Ребиќ, Лука Јовиќ и Себастијан Халер, кои заедно беа вклучени во 85 проценти од головите на Ајнтрахт.

Ако се сметаат мечевите од сите натпреварувања во 2019, од топ 5 лигите по еден пораз имаат Манчестер сити и Баерн Минхен, а Ливерпул и Барселона загубија по двапати.

- Оглас -

Најнови вести