Само Интер од несудените суперлигаши попладнево освои три бода (видео)

Интeр со голот на Матео Дармијан во 76-тата минута запиша минимален триумф од 1-0 против Верона со кој на „Џузепе Меаца“ веќе може да се слави освојувањето на Скудетото.

Во последните пет кола Нероаѕурите ќе влезат со најмалку 13 бода предност во однос на Милна, кој допрва треба да го одигра дербито против Лацио.

https://twitter.com/Yeshwajoe/status/1386328540325445635

За разлика од Интер, вториот италијански несуден суперлигаш, Јувентус, избори само бод на гостувањето кај Фиорентина. Голот со паненка од пенал на Душан Влаховиќ ѝ донесе големи проблеми на Старата дама, која се спасуваше преку Мората и неговиот фантастичен гол во 46-тата минута закочени 1-1 на „Артемио Франки“.

Еден од несудените англиски суперлигаши, Манчестер јунајтед, на гостувањето кај Езѓан Алиоски и неговиот Лидс одигра без голови. Нашиот македонски репрезентативец ги задржа Црвените ѓаволи на „нула“, го одигра целиот меч на „Еланд роуд“ и запиша сосема солиден настап.

- Оглас -

Најнови вести