Тато може ли малку повисоко – И најмладите навивачи на Ливерпул горат од желба за титула (Фото)

Фудбалот полека, но сигурно се враќа на сцена, а особено со нетрпение камбекот го чекаат навивачите на Ливерпул. Минаа цели 30 години од последната титула во Англија, а се очекува вкупно 19-тата и прва откако на Островот се игра Премиер лигата.

Дека страста за најважната споредна работа на светот не спласна ниту по долгата пауза поради ковид-19, одлично отсликува и мајсторската фотографија на денешниот прв тренинг на Ливерпул по пауза од цели два месеци.

Лидерот на табелата во Премиер лигата почна со тренинзи, а едно мало момче го замоли својот татко барем за момент да му овозможи по долга пауза да ги види своите фудбалски идоли.

Ливерпул со 82 бода на девет кола до крајот на англиското првенство е убедлив лидер со 25 бода предност пред Манчестер сити и е на прагот на првата шампионска круна по таа што ја освои во сезоната 1989/90.

Англичаните планираат камбекот на фудбалските терени да се случи на 12 јуни, со мечеви од Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести