Само мијте раце и не ги славете головите

Досега можеби никогаш не ни текнало да се заинтересираме за фудбалот во Бурунди, но оваа источноафриканска земја сега е во центарот на вниманието. Фудбалската федерација на Бурунди воопшто не планира да го прекине првенството, кое има уште три кола до крајот. Освен во Бурунди, фудбал се игра само уште во Никарагва, во Белорусија и во Таџикистан.

„Знаеме дека во многу земји здравствената ситуација е катастрофална, но овде имаме само два случаи, и тоа на луѓе кои се стигнати од странство и еден локален случај, кој ја префати болеста од еден од тие кои се повратници во земјата. Затоа не гледаме потреба да се сопрат активностите во земјата. Продолжуваме да играме, но постојано сме во контакт со Министерството за здравство. Ако се појават знаци за ширење на вирусот, ќе го прекинеме првенството“, вели претседателот на локалната фудбалска федерација, Ндикуријо Ревериен.

Главна препорака која е дадена на фудбалерите е постојано да ги мијат рацете, да нема заедничко прославување на головите и да се дистанцираат играчите од судиите.

Земјата која нема речиси никаква фудбалска историја и традиција, сега е во центарот на вниманието и многумина ги следат случувањата во едно од четирите фудбалски првенства во светот кои се играат во моментов.

- Оглас -

Најнови вести