Само небото е граница за ова момче: 26 гола во 18 меча зачинети со шест хет-трика

Ерлинг Браут Халанд е тинејџерот кој сезонава заблеска на фудбалското небо. Норвешкиот тинејџер во дресот на Салцбург блеска речиси на секој меч. На последниот меч од австриското првенство, Халанд ги даде трите гола во победата на гостувањето кај Волфсбергер од 3:0.

Со овие три гола, напаѓачот кој има само 19 години стигна до бројката 15 голови во првенството само на 12 средби. Дека Халанд не погодува само против австриски ривали, покажа и по првите четири кола во Лигата на шампионите. Тинејџерот испишува историја бидејќи е првиот кој успеал да постигне седум гола во првите четири меча од елитната лига на УЕФА.

Ако се пресметаат сите мечеви кои Халанд сезонава ги одигра, на 18 дуели тој досега има постигнато дури 26 голови, а дури шестпати се радувал на хет-трик.

Голем број европски екипи веќе се фокусираа на овој талент кој се претвора во гол-машина. Се проценува дека вредноста на Халанд во моментов е околу 100 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести