Само пет минути му требаа на Балотели да дебитира со погодок за Монца (видео)

Марио Балотели дебитираше за Монца со погодок по само пет минути откако првпат заигра во Серија Б. Буквално со првиот допир на топката Балотели се радуваше на погодок, а го постигна на прилично лесен начин откако противниците го оставија сам пред празниот дел од голот на Салернитана.

Балотели само еднаш претходно во кариерата дебитирал со погодок за нов клуб, тоа беше во септември 2016 година како член на Ница во француската Лига 1.

https://streamable.com/13tyuy

- Оглас -

Најнови вести