Само Сампдорија е искрена и храбра да го каже вистинскиот број на заразени

Офанзивниот играч од средниот ред на Сампдорија, Гастон Рамирес, со интересна изјава ја искоментира актуелната кризна ситуација во Италија која се разви по пандемијата од Kоронавирусот. Фудбалерот на клубот од Џенова смета дека Блучеркатите кои имаат многу заразени поединци, се искрени и отворени, а доста клубови од Серија А немаат смелост да признаат колку позитивни резултати имало на тестирањата од Kоронавирусот.

„Тешко е, особено во последните денови. Сепак, мирни сме, иако има многу случаи. Често се слушаме со заразените соиграчи, тие ни кажуваат како се, за да бидеме во тек“, вели Уругваецот.

Во Самп има 12 заразени за кои е потврдено, а според Рамирес, другите клубови не ги кажуваат реалните податоци.

„Во Сампдорија ништо не криеме, за разлика од други клубови. Не разбирам зошто кријат. Да откриеш дека си заразен, не е проблем, туку прашање на етика. Ако сакаме да ја добиеме војната, треба да ги изолираме заразените. Сериозно ли верувате дека само Сампдорија има толку многу заразени?”, праша Рамирес.

- Оглас -

Најнови вести