Само што наполни 18 години, европскиот првак го награди со богат договор

Талентираниот Џамал Мусијала само една недела откако наполни 18 години, доби прекрасен подарок од Баерн Минхен. Младиот играч за врска своето полнолетство го прослави со потпис на петгодишен договор со европскиот првак, според кој ќе заработува до пет милиони евра по сезона.

Мусијала од неодамна се определи да игра за родната Германија, иако запиша настапи за младинските категории на англиската репрезентација. На талентираниот плејмејкер му се предвидува блескава кариера, а дека го поседува потенцијалот да стане светски играч, докажува довербата која ја добива од тренерот на Баварците, Ханси Флик.

Оваа сезона Мусијала веќе запиша 28 настапи за европскиот и германски шампион со учинок од четири погодоци, а учествуваше со гол и во убедливата победа над Лацио во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести