Само што се врати, а Погба веќе го навлече гневот на навивачите на Јувентус

Пол Погба наместо да оди на операција, се одлучи за конзервативна терапија и со тоа го навлече гневот на навивачите на Јувентус. Французинот се здоби со повреда на менискусот по враќањето во редовите на Старата дама, но се реши да ја одложи операцијата за да не го пропушти Светското првенство во Катар.

Конзервативната терапија ќе му овозможи на Погба да се врати на терените само по пет недели, со тоа што ќе игра под голем ризик да ја продлабочи повредата. Поради тоа, фановите на Јувентус сметаат дека Погба не се грижи за клубот и со овој себичен потег покажува дека поважна му е иднивидуалната кариера.

Одлуката навестува дека Погба по Мундијалот ќе оди под нож, што значи дека Јувентус нема да смета на него во вториот дел од сезоната. Тоа ќе биде тежок удар за Алегри бидејќи Погба по враќањето во Торино треба да биде лидер на овој тим, но не покажува таков однос.

- Оглас -

Најнови вести