Само што започна сезоната, а Клоп и Гвардиола се скараа

Ливерпул на убедлив начин ја започна сеоната победувајќи со 3:0 на гости кај Норич и покажа дека и оваа сезона ќе води битка за титулата. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп уште на почетокот на сезоната реши да ги испровоцира главните ривали Манчестер сити, околу тоа колку пари трошат Граѓаните за нови играчи.

„Сите знаеме каква е ситуацијата во Челзи, Сити и ПСЖ. Не знам како Јунајтед успеа да го направи тоа што го направи. Ние имаме свој начин. Дозволено ни е да трошиме онолку колку што заработуваме“, рече Клоп.

Сити летово го купи Џек Грилиш за 100 милиони фунти и уште повеќе ја засили конкуренцијата во Сити. Тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, реши да му објасни на Клоп како стојат работите.

„Не коментирам за другите клубови и нивните постапки. Тие работат како што мислат дека е исправно. Некои газди сакаат да профитираат, а на нашите газди тоа не им е во прв план. Тие сакаат да вложуваат во екипата. Можеме да потрошиме 100 милиони фунти на Грилиш затоа што од продажба собравме 60 милиони фунти. Финансискиот фер плеј го почитуваме и не го надминуваме тој лимит“, рече Гвардиола, кој додаде дека не секогаш Сити бил тимот кој трошел најмногу пари.

„Се сеќавате ли како пред неколку години Јунајтед и Арсенал ги освојуваа титулите затоа што трошеа најмногу пари? Сити тогаш немаше газди какви што има сега. Иста е работата и во Италија. Берлускони дојде во Милан и тој доминираше, Пирели во Интер трошеше многу пари. Челзи почна да троши пари кога се појави Абрамович, а исто е и со нашиот клуб кога на чело дојде шеикот Мансур. Каде е тука проблемот? Ако го кршиме финансискиот фер-плеј треба да го докажете тоа“, објасни Гвардиола.

Сити денеска ја стартува одбраната на титулата во Премиер лигата и тоа на гостински терен кај Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести