Само тогаш и веќе никогаш, на Божиќ се одигра меч со десетметарски голови (Фото)

На 25-ти декември 1967 година, на „Камп ноу“ во Барселона се одиграл еден интересен егзибициски експериментален натпревар на кој головите биле 10 метри во должина и 2,5 метри во висина, наместо стандарните 7,25 од една до друга статива и висина на пречката од 2,44.

Тој хуманитарен меч го организирало шпанското национално радио, и веќе никогаш повторно не се играло со толку големи голови. Мечот завршил со резултат 9-6, а играле фудбалери на Барселона, Еспањол и Сабадељ, мешани во две екипи, со специјален гостин, легендата на Барса, Ладислао Кубала, кој тогаш имал веќе 40 години.

На трибините биле 50.000 луѓе. Секако од овој експеримент најнезадоволни биле голманите, но и играчите не биле претерано воодушевени. Во тоа време немало многу голови со шутеви од далечина, и идејата била да се види како би изгледало ако головите се поголеми.

Има и една фотографија од тој настан која е објавена во весник, на која 22 фудбалери позираат пред десетметарскиот гол.

- Оглас -

Најнови вести