Само тој и никој друг – Камбекот на Роналдо е со гол и на чудесен начин ги маѓепса стрелците (Видео)

Кристијано Роналдо има одличен камбек во првите 45 минути што ги игра за Манчестер јунајтед по 12 години пауза, и само тој и ниту еден друг играч на шест меча во Премиерлигата постигна гол, со кој Црвените ѓаволи водат со 1:0 против Њукасл.

Популарниот ЦР7 погоди во последните моменти од првото полувреме на „Олд Трафорд“ и најави дека ќе биде огромно засилување за најтрофејната англиска екипа.

https://twitter.com/EIIisBurner/status/1436703868881145868?s=20

Чудесно на останатите пет терени нема гол во првото полувреме, па само Роналдо се запиша во листата на стрелците со голот во последните моменти од првиот дел.

Покрај дуелот на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер јунајтед и Њукасл во тек се и дуелите меѓу Арсенал и Норич, Лестер и Манчестер сити, Саутемптон и Вест Хем, Брентфорд против Брајтон и Ватфорд со Вулверхемптон и на сите нема ниту еден погодок.

 

- Оглас -

Најнови вести