Клубот кој е од епицентарот на ширењето на корона-вирусот во Европа е само еден од трите екипи со сите победи во време на пандемијата

Аталанта синоќа славеше со 2:0 во мечот против Сампдорија во, кој тимот од Бергамо дури во второто полувреме го скрши отпорот на противникот. Толои во 75-тата минута погоди за 1:0, а потоа Муриел само потврди дека Аталанта е во неверојатна победничка форма во најдобрата сезона во клупската историја.

Со оваа победа Аталанта стигна до 66 бодови поминувајќи го Интер, кој сепак вечерва може да се врати на третото место доколку слави на гости кај Верона. Аталанта е единствениот тим кој по враќање на Серија А во ерата на корона-вирусот реди само победи. Аталанта има шест победи во шест меча откако во средината на јуни се вратија возбудувањата во Калчото.

Интересно е што Аталанта оваа победничка низа само ја продолжува од времето пред да започне пандемијата. Статистиката покажува дека Аталанта има вкупно 12 триумфи во низа во сите натпреварувања, а вкупно 13 победи во последните 14 средби.

Освен Аталанта, со перфектен биланс и редење само победи имаат само уште два клуба во Топ-5 лигите во Европа. Баерн Минхен заврши со девет победи во деветте меча кои останаа да ги доиграат во Бунедслигата и стигнаа до нова титула во Германија, а на ист пат е и Реал Мадрид во Шпанија, кој има седум триумфи во седум средби во Примера и затоа е лидер на четири кола до крајот. Реал утре може да ја продолжи оваа низа затоа што Кралскиот клуб на свој терен игра против Алавес и сè освен лесна победа на домаќините ќе биде големо изненадување.

 

- Оглас -

Најнови вести