Само тројца играчи ги одиграле сите минути сезонава во Премиер лигата

Една од највозбудливите сезони во англиската Премиер лига заврши викендов. Манчестр сити се израдува на пехарот, а Ливерпул остана и по 30 години да мечтае да биде шампион во Англија. Со 97 освоени бодови, Ливерпул е екипата која собрала најмногу поени, а не се радувала на шампионскиот трофеј.

Освен во шампионската трка, неизвесно беше и во борбата за „Златна копачка“, односно за најдобар стрелец во лигата. На крајот, тоа признание го поделија тројца фудбалери. Обамејанг, Салах и Мане имаа по 22 погодоци и сите добија „Златна копачка“.

Од соттиците фудбалери кои продефилираа на терените во Премиер лигата, само тројца може да се пофалат дека ги имаат одиграни сите минути, во сите 38 кола. Српскиот интернационалец Лука Миливојевиќ од Кристал Палас, како и дефанзивците Бен Меј од Барнли и Конор Коди од Вулверхемптон го имаат приматот на незаменливи и „челични“ играчи во изминатава сезона во Премиер лигата.

Вечерва во Англија се игра локалното дерби меѓу Астон Вила и ВБА, во полуфиналето од плејофот за влез во Премиер лигата. Астон вила има предност од 2:1 по првиот одигран меч.

 

- Оглас -

Најнови вести