Маурисио Покетино заработи условна казна од УЕФА од еден натпревар, така што стратегот ќе може да го води Тотенхем во финалето против Ливерпул кое е закажано за 1 јуни и ќе се игра во Мадрид. Според правилникот на Европската куќа на фудбалот, во случај да една екипа доцни при излез на терен се казнува самиот клуб и менаџерот.
Воедно, Тотенхем ќе мора да плати казна од 10.000 евра, а исто така клубот од Лондон е оптужен за непримерно однесување на нивниот спикер во текот на првиот полуфинален дуел против Ајакс.
Tотенхем за првпат во клупската историја се пласираше во едно финале на Лигата на шампионите, а против Ливерпул ќе се соочат во првиот ден од месец јуни на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.