Само во едно првенство од Топ 5 лигите има просек над 3 гола на меч

Денеска завршува зимската пауза во германската Бундес лига, а со мечот Хофенхајм Баерн Минхен, започнува вториот дел од сезонава. Актуелниот првак има 36 бода и заостанува шест бодови зад лидерот Борусија Дортмунд. Тоа значи дека баварците ќе бркаат победа на денешното гостување.

Како најава за продолжување на Бундес лигата, еден корисен податок за сите оние кои сакаат да се обложуваат во Sport Life. Германското првенство сезонава е најефикасно меѓу Топ 5 лигите во Европа. Досега во Бундес лигата се одиграа 153 средби, а интересно е што имаше мечеви кои завршуваа со резултати 3:3, 4:3, 4:2 и 7:1. Вкупно беа постигнати 465 погодоци, односно 3,04 по меч.

Во ниту едно друго првенство од Топ 5 во Европа, нема просек од три гола на натпревар. Во англиската Премиер лига просекот засега е 2,85 голови по меч, потоа следи Серија А со 2,62 погодоци по дуел, а во француското првенство се даваат 2,59 голови во просек на меч. Најнеефикасна лига е Примера дивисион, каде досега просекот е 2,52  погодоци на средба.

Во Германија досега само осум средби завршиле со резултат 0:0. Во таа категорија следи Премиер лигата со 14 меча без погодоци, па Примера дивисион со 15 натпревари на кои мрежите мирувале, додека во Франција и Италија на дури 17 дуели немало погодоци.

 

 

- Оглас -

Најнови вести