Само за Папата и за Дибала се организира ваков пречек во Вечниот Град (видео)

Ако досега со сомнеж се гледаше кон Пауло Дибала и неговата одлука да потпише за Рома како слободен играч, и покрај тоа што сите го гледаа во дресот на Интер, вечерашниот спектакуларен пречек од страна на навивачите докажа дека Аргентинецот го направил вистинскиот избор.

Магија се стори среде Рим, и Папата да позавиди. Пауло се чудеше кога се појави пред илјадиниците фанови на Волчицата, буквално остана без зборови.

Нема сомнежи дека почнува вистинска фудбалска романса. Рома доби нов принц по подолго време, а тимот предводен од Жозе Мурињо ги потврдува амбициите за лов на трофеи во блиска иднина, по освоениот во Конференциската лига во ланската премиерна сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести