Сампаоли официјално нов тренер на Марсеј, ќе дебитира во големото дерби

Олимпик Марсеј ја официјализира соработката со Хорхе Сампаоли до јуни 2023 година. Аргентинскиот стратег ја презеде клупата која остана празна по оставката на Анде Вилаш-Боаш, а веќе в недела Сампаоли го очекува тежок предизвик.

За што побрзо да ги освои симпатиите на гневните навивачи на Марсеј кои изминатиов период воопшто не се задоволни од резултатите на екипата, Сампаоли ќе треба да го добие дербито против Лион во недела навечер, во кое ќе дебитира на клупата.

„Марсеј е клуб на луѓето и се совпаѓам во оваа жештина. Не дојдов тука да се кријам, туку да му помогнам на клубот. Не се двоумев да ја прифатам понудата, тука сум бидејќи Марсеј е многу стравствен клуб и одвај чекам да почнам со работа“, истакна Сампаоли за официјалната клупска веб-страница.

Марсеј се наоѓа на осмото место на табелата во Лига 1 со 38 бода по 26 одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести