Сампдорија го има рецептот за победа во Фиренца, пенал на Кваљарела и еврогол (Видео)

Сампдорија славеше кај Фиорентина со 2-1 и ја извојува својата прва победа сезонава во Серија А. Сега двата тима имаат по една победа и два порази во три настапи.

Сампдорија има само две победи на последните 15 гостувања кај Фиорентина. Претходно тоа се случи во 2017 година, кога победничкиот гол за 2-1 го даде Фабио Кваљарела од пенал. Кваљарела и вечерва погоди од белата точка, и стана третиот стрелец во историјата на Самп според бројот на голови во Серија А, па сега Џанлука Вијали падна на четврто место на вечната клупска листа.

Победничкиот гол беше дело на Вере, кој одлично го лобуваше Драговски, по асистенција на голманот Аудеро:

https://twitter.com/i/status/1312127740946968576

- Оглас -

Најнови вести