Сампдорија купи млад Србин кој играл само 60 секунди сениорски фудбал

Младиот напаѓач на новосадска Војводина, Михаило Ивановиќ, е нов член на Сампдорија, потпишувајќи петгодишен договор со Блучеркатите.

Ивановиќ кој е роден во 2004 година, во дресот на Војводина има одиграно само една минута сениорски фудбал, во последното коло од минатата сезона во српската Суперлига.

Сепак, тој нема веднаш да заигра во италијанската Серија А, туку ќе биде во младинскиот погон на клубот од Џенова, и низ популарната Примавера во која играат младинци, ќе бара место во првиот тим на Самп.

Своевремено, и Душан Влаховиќ играше за младинците на Фиорентина, а стигна до првиот тим каде беше одличен, па направи богат трансфер во Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести