Самуел Ето обвинет дека местел мечеви во првенството на Камерун

Прославениот фудбалер Самуел Ето се најде во центарот на скандал со наместени натпревари во родниот Камерун. Ето е претседател на Фудбалската федерација на Камерун, а е обвинет дека местел натпревари од втората лига. Некогашниот голгетер на Барселона и Интер ги отфрли обвинувањата.

Според пишувањата на камерунските медиуми, пренесени и во Европа, Ето наводно погодувал на натпреварите на екипата на Викторија јунајтед, која е дел од Втората лига. Се претпоставува дека корупциската мрежа брои и до 40 луѓе, пишува „Камерун актуел“.

Истрагата е во тек и треба да заврши за неколку дена, а секако дека Ето е невин додека не се докаже спротивното. Се шпекулира дека има и видеоснимки, но тоа ништо не е потврдено.

Ето е икона на африканскиот фудбал. За репрезентацијата на Камерун одигра 118 натпревари и постигна 56 гола. Во кариерата има освоено и четири титули во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести