Сан Антонио дури по продолжението го победи Бруклин, Клиперси непријатно изненадени дома (Видео)

На кошаркарите на Сан Антонио им беа потребни пет дополнителни минути за да оправдаат фаворитската улога против Бруклин и да победат со 122-115 на домашен терен. Францускиот интернационалец Вембанјама со 33 поени беше најефикасен на мечот.

Вистински шок доживеаја кошаркарите на ЛА клиперс, кои на домашен терен непријатно се изненадени од Атланта со 93-110. Гостите уште пред крајот на полувремето дојдоа до високи +21, кои пораснаа на +26 во третата четвртина и на уште повисоки +29 на почетокот од последниот период. Сепак, на крајот домашните успеаја да ја намалат предноста на Аталанта, но не доволно за да извлечат позитивен резултат.

Резултати:

Милвоки – Феникс 140-129
Детроит – Мајами 101-104
Далас – Денвер 107-105
Орландо – Торонто 111-96
Вашингтон – Бостон 104-130
Сан Антонио – Бруклин 122-115 (110-110)
ЛА клиперс – Атланта 93-110

- Оглас -

Најнови вести