Сан Антонио ќе го повлече дресот на Паркер

Сан Антонио Спарс ќе го повлече од употреба дресот со број 9 кој 17 години беше во сопствеништво на Тони Паркер. Церемонијата ќе се одржи на 11 ноември во пресрет на мечот против Мемфис гризлис.

Паркер така ќе биде десеттиот играч на Сан Антонио чијшто дрес ќе виси од кровот на „АТ&T центарот“. Од претходно повлечени се дресовите на Брус Боуен (12), Тим Данкан (21), Шон Елиот (32), Ману Џинобили (20), Џорџ Џервин (44), Ејвери Џонсон (6), Дејвид Робинсон (50), Џон Мур (00) и Џејмс Силас (13).

Францускиот плејмејкер од 2001 до 20018 година ги бранеше боите на тексашката франшиза, а за тоа време четирипати стана НБА шампион. Паркер беше избран за најкорисен играч во финалната серија во 2007 година, а шестпати учествуваше на Ол-стар спектаклот.

- Оглас -

Најнови вести